Македонија
30. December 2015 - 14:54

Предновогодишна забава во Куманово

На градскиот плоштад во Куманово денеска се одржа предновогодишна забава за најмладите. Настапија балетски студија од градот, ученици од основни училишта и лица со интелектална попреченост со перформансот „Гледај ме со срце“.

Најмладите кумановци имаа можност да ги кажат своите желби и на Дедо Мраз. Новата година им ја честиташе градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски кој им посака успех, здравје и економски просперитет.

Пред присутните се обрати и постојаниот преставник на УНДП Луиза Винтон, која годинава беше избрана за почесен граѓанин на Куманово.

-  Се надеваме дека и идната година ќе поминеме доста време тука, рече Винтон.

Годинава во Куманово првпат по девет години нема да има организиран пречек на Новата година.

Покрај забавата за најмладите, на градскиот плоштад денеска се предвидени и настапи на повеќе групи и пејачи од забавната и народната музика: тамбурашкиОТ оркестар „Наши тамбураши“, „Челик бенд“, „Бисери“, Нино Величковски, Маргица Антевска, Тања Јовановска, Боби Амадеус, Мартинијан Кириловски, ХЉ бенд, Акрепат бенд, Конкрит џангл, Мандара, Фуснота и Емилија Дичковска.