Македонија
14. October 2021 - 16:29

Предметот за смртта на жената лекувана од фантом-доктор стаса во Обвинителството

Случајот за сомнителната смрт на пациентката која била лекувана дома од фантом лекар стигна и во Обвинителстото. По добиената пријава од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од МВР потврдија дека  предметот го доставиле до ОЈО за понатамошна постапка. Кој и давал инфузии со антибиотици од кои едниот имал силно дејство и дали ваква терапија за која нема пишана медицинска белешка може да биде аплицирана во домашни услови се само дел од прашањата кои покренаа лавина од реакции во јавноста. По добивање на овие одговори ќе се знае дали и против кого обвинителството ќе покрене истрага.

Неофицијално, први на разговор во полиција ќе бидат  повикани семејството на починатата и лекарот од болницата кој го пријавил случајот во инспекторатот.

И додека од ДСЗИ апелираа до граѓаните да не прифаќаат лекување во домашни услови без потврда од матичен, лекарите алармираа дека подолг период разно разни лица одат дома и ставаат инфузии на болни иако тоа не е дел од протоколите и упатствата.

Починатата 67 годишна жена била од скопско село и дома ја лекувале од 21 септември до 1 октомври. Поради влошување на состојбата со брза Помош завршила во Градската болница 8ми септември каде и починала само ченколку часа по приемот.