Предлог-протокол за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови ќе биде доставен до Комисијата за заразни болести
Предлог-протокол за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови ќе биде доставен до Комисијата за заразни болести, договорија денеска претставниците од секторот со вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.
На средбата во Владата одржана претпладнево Битиќи и Пауновски повторно истакнале дека заштитата на јавното здравје е најбитна, но и дека е важно да се зачува секое работно место.
-Владата, во услови на пандемија, се обидува да им помогне на сите погодени граѓани и компании, а има детектирано дека угостителството и туризмот се најпогодените и затоа, во сите пет сета се креирани мерки со кои токму овие гранки се највеќе поддржани. Со петтиот пакет мерки, компаниите од овој сектор може да искористат финансиска помош за исплата на плати, бескаматен кредит со грант компонента до 50 отсто, а со законот за државна гаранција кој е во собраниска процедура, значително би се помогнало за одржување на ликвидноста на компаниите, рече Битиќи на средбата.
Според директорот на Испекторатот, Пауновски, здравјето на граѓаните е најважно, а протоколите предложени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата, се токму во насока на заштита на јавното здравје.
Пауновски гарантирал дека нема никаква селективност во постапување на инспекторите, ниту интенција при спроведувањето санкции, за што посочил дека во периодот од речиси една година, од почетокот на пандемијата, за непочитување на протоколите се санкционирани 471 правно лице.
Ново на Сител
-
СДСМ: Посветени сме на обезбедување на слободата на медиумите
-
Од петок повторно дожд, но потопло
-
Малолетници и странски државјани ноќеска приведени во полициски час
-
Заев: Финансиска поддршка од 9,9 милиони евра за 6.000 угостители со 17.000 вработени
-
Уставениот суд поведе постапка за членот 163, став 3 од Законот за банки
-
МВР со детали за инцидентот во Велес: 12-годишното девојче истепало две врснички
-
Сите дерматолошки и естетски процедури на едно место - Центар за перфекција на „Аџибадем Систина“
-
Филипче: Се намалува бројот на позитивни што значи дека мерките даваат резултати