Македонија
21. April 2021 - 11:23

Предлог-казни од по 2000 евра за шест лица за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија ОЈО Скопје.

– Обвинетите, спротивно на прописите со кои е определена забрана за движење на населението во периодот од 20 до 05 часот следниот ден, биле затекнати пеш или со автомобили како се движат за време на полицискиот час на различни локации во градот без да поседуваат дозвола за тоа, информираат од Обвинителство.

За сите обвинети надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.