-->
-->
Предлог казни од 20 евра за седум лица поради непочитување на полицискиот час
-->
Поради непочитување на полицискиот час, како мерка за спречување на заразна болест, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица.
Од ОЈО информираат дека во периодот од 1 до 6 април, обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола за тоа, со што се товарат за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Во соопштението се дополнува дека јавниот обвинител му предложи на Судот за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.