Македонија
5. July 2020 - 16:31

Предизборни активности на коалицијата Можеме и коалицијата Обнова на Македонија

Со економски патриотизам владејчката СДСМ се надева дека ќе добие уште еден мандат од граѓаните. И Претседателот Заев и Потпретседателот Спасовски во пресрет на вечерните собири се фокусираа на проекти од економијата.
СДСМ нема капацитет да ги реализира ветувањата, врати опозицискиот лидер Мицкоски. Според него, доказ за тоа е последниот мандат. Од опозициската партија велат дека главната причина за неуспехот на СДСМ лежи во корумпираноста против која ВМРО-ДПМНЕ најавува одлучна борба.
Од утре партиите влегуваат во последната недела од предизборната кампања. Изборниот молк ќе почне во понеделник пред гласањето закажано за во среда.