Свет
22. јуни 2021 - 9:27

Предградие на Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи, соборувајќи дрвја, и предизвика оштетувања на електричната мрежа, соопштија властите.

Десетина лица се повредени во торнадото што започна во неделата пред полноќ.

Најмалку осум лица се хоспитализирани во Напервил со 147.500 жители, каде вчера беше констатирано дека 22 куќи се уништени, а повеќе од 130 се оштетени.

Официјални лица во блиската населба Вудриџ рекоа дека торнадото оштети најмалку 100 згради, а три лица се во болница.