Фудбал
26. November 2015 - 12:08

„Предавниците“ го продадоа мечот!!!

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Ерменија, Рубен Хајрапетјан, на прес конференција рекол дека дел од репрезентативците не го дале максимумот на мечот со Албанија, нарекувајќи ги ‘предавници’.
Репрезентациите на Ерменија и Албанија играа на 11.октомври, во Ереван, играа во последното квалификациско коло. Победа на тој меч на Албанија и носеше директен пласман на Европското првенство и токму тоа се случи, Албанија со два авто гола на Ерменците, постигнат во првите 23 минути, славеше со 3:0 и избори историски пласман на континеталното првенство.
 
„Репрезентацијата и припаѓа на целата нација и нормално е што сме незадоволни. Како претседател ќе сторам се за да ја надминеме оваа криза. Нашите репрезентативци очигледно не сакаа да играат, тоа е предавство. И да го имавме најдобриот селектор на светот ќе загубевме“, ја пренесува агенцијата Ерменпрес изјавата на Хајрапетјан, дополнувајќи дека нема да ја понуди својата оставка.
 
Инаку, по натпреварот во Ереван и триумфот на Албанија, медиумите пишуваа дека голманот на Ерменија и тројца дефанзивци поделиле сума од два милиони евра, за да и помогнат на Албанија да забележи победа.