Македонија
21. October 2019 - 8:21

Предавање „Религијата и политиката на Балканот: Краток историски преглед“

Предавање на тема „Религијата и политика на Балканот: Краток историски преглед“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Балканскиoт институт за вера и култура и на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи (КОВЗРГ).

Предавач  ќе биде професор д-р Мајк Пирс, експерт на Оксфорд Универзитет и професор по Историја на Хутон Колеџ во Њујорк.

На отворањето е најавено обраќање на претседателот на КОВЗРГ Даријан Сотировски.