Свет
6. April 2016 - 10:07

Предавање на власта во Триполи

Исламистичката ривалска Влада во Триполи соопшти дека и ја предава власта на Владата на национално единство, која е поддржана од ОН, со цел да се избегнат натамошни поделби и крвопролевања во Либија.

- Ве известуваме дека ги прекинуваме активностите кои ни се доверени како на законодавна власт, претседателство, на парламентарците и министрите, се наведува во соопштението објавено една недела откако премиерот Фајез ал Сараџ допатува во Триполи да ги преземе овластувањата на неговата Влада.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун неодамна апелираше да и се овозможи на Владата на национално единство колку е можно побрзо да почне со работа, а сите оние кои ќе го опструираат мировниот процес ги повика на одговорност.

Тој побара на Претседателскиот совет најбрзо што може да му се овозможи да работи во правец на „итна мирна транзиција на власта на Владата на национално единство“.