Македонија
19. May 2017 - 9:17

Предавање на професор Џорџ Дуликравиќ во МАНУ

Предавање за оптимизирање на ладењето на човечкото срце ќе одржи американскиот професор Џорџ Дуликравиќ денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Џорџ Дуликравиќ е професор во МАИДРОК лабораторијата на Одделот за механички и материјален инжинеринг при Флорида универзитетот во Мајами.

Предавањето е во организација на Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при Македонската академија на науките и уметностите.