Балкан
8. April 2021 - 11:39

Пред Велигден нема да се отворат основните и дел од средните училиштата и угостителските објекти во Грција

Основните училишта и дел од средните што продолжуваат со онлајн настава, нема да се отворат пред Велигден, соопшти министерката за образование на Грција Ники Керамеос, говорејќи за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

Керамеос објасни дека по одлуката средношколците на возраст од 16 до 18 години, од понеделник да се вратат во училишните клупи, одат чекор по чекор, процесот е динамичен и секогаш ги следат препораките на епидемиолозите.

-Остануваат уште две седмици до распустот за Велигден, регуларно продолжува онлајн наставата за останатите ученици, истакна Керамеос.

Пред Велигден нема да се отворат ни угостителските објекти во Грција, кои се затворени од почетокот на ноември 2020 година.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Стар“ рече дека неговата лична процена и негово линчо предвидување е дека кафулињата, рестораните, таверните и слично, ќе се отворат по Велигден, а во првата фаза само во надворешните делови.