Свет
8. August 2017 - 9:08

Пред три години меѓународната коалција почна со напади врз ИД

На денешен ден пред три години меѓународната коалиција ги изврши првите напади врз ИД. Според Пентагон, неизбежниот пораз на ИД е само прашање на време.

На 8 август 2014 година два авиона Ф/А-18 полетаа од американски носач на авиони за да ги извршат првите напади на коалицијата против ИД во северниот дел од Ирак.

Три години подоцна, по активна воена кампања, коалицијата врати 70 отсто од заземените територии во Ирак и 50 отсто од заземените во Сирија.

– ИД нема вратено ниту еден сантиметар територија ослободена од нас, изјави синоќа портпарол на Пентагон Џеф Дејвис.Тој нагласи дека ИД е соочена со неизбежен пораз.

ИД во „зенитот“ имаше освоено 104.000 метри квадратни територија во Сирија и во Ирак каде живееја осум милиони луѓе. Во коалицијата се 69 држави. До 26 јули оваа година беа извршени 13.221 удар во Ирак и 10.701 удар во Сирија.

Војната со ИД чини 13,6 милиони долари дневно.