Живот
20. November 2015 - 12:44

Пред точно 30 години почина најголемиот Југословен на сите времиња, а не е Тито

На денешен ден во 1985 година во фабриката „Застава“ од Крагујевац  и официјално се означи крајот на производството на автомобилот  „фиат 750“, односно во народот попознат како „фиќо“.

Dan-mladosti-4-620x350

Славното „фиќо“ е автомобил кој најдолго се произведуваше во некогашната Југославија. Од фабричката лента во Крагујевац излегле точно 923 487 примероци на овој автомобил, кој се произведуваше 30 години (1955-1985).

Статистиката вели дека во седумдесеттите години на минатиот  век на југословенските улици „фиќо“ било најбројниот автомобил.

„Фиќо“ се до 1975 година беше главно возило на Сообраќајната полиција, а го користеле и другите служби  на тогашното МВР. Се до крајот на седумдесеттите  само со „фиќо“ се полагал возачкиот испит.

Zastava-750-Fica-3

„Фиат 750“ не беше хит автомобил само во Југославија туку и во целиот свет. Официјалната статистика на италијанскиот произведувач  вели декана планетата се возени речиси пет милиони „фиќовци“ (4 921 626).

„Фиќо“ го осмислил и конструирал италијанскиот инженер Данте Џакоза. Првиот модел „фиат600“ и „фиат 700“ требало да го заменат тогашниот „тополино“(фиат 500), а набрзо на пазарот е исфрлен „фиат 750“ кој беше и најпопуларен.

Fiat-600-Fica-3

Се проценува дека во светот денес се возат околу 150 000 „фиќовци“.