Ф1
1. May 2018 - 10:55

Пред точно 24 години загина легендарниот Сена

Пред точно 24 години на патеката во Имола загина славниот бразилски автомобилист Аиртон Сена откако удри во заштитниот ѕид. 

Сена почина во болница по самото завршување на трката и со тоа Формула 1  загуби едно големо име на овој спорт, можеби и најголемото. 
Сена возеше на 161 трка и имаше 41 победа. Три пати беше светски првак. Беше неверојатен возач со победнички менталитет. Неговото мото беше „Не сакам да победам на трката, туку да победам во животот“. Сепак, на тој кобен 1 мај 1994 година, токму на патеката згасна неговиот живот на истото место каде само ден претходно на квалификацискиот тренинг загина младиот Австриец Роланд Раценбергер.