Loading Video...
Свет
20. July 2017 - 17:50

Пред шест месеци Доналд Трамп стана 45 американски претседател

Пред шест месеци Доналд Трамп стана 45 американски претседател , со ветување дека ќе донесе промени и  обединување на  земјата.

Ние граѓаните на Америка сега се приклучуваме во големиот национален напор за обнова на нашата земја и да ги обноввиме ветувањата до сите наши грагани. Заедно ке ја одредиме насоката на Америка и на целиот свет во многуте години што идат. ( ТРамп Инмаугурација)

Но американскиот претседател  мандатот го почна бурно— Потпиша низа контроверзни  укази, кои предизвикаа  проетсти ...републиканците не се сложија со дел од одлуките на претседателот а пак за дел од нив ТРамп се соочува со судски предизивици. Но тука се и оние кои ја подржуваат политиката на претседателот.

 

По само неколку дена откако влезе во Белата кука Трамп  го заостри законот за имиграција, и ја ја стартуваше акција за укинување на Обамекер. Денеска  од републиканците побара  да ги надминат своите разлики и да го усвојат законот за здравствена заштита до август  , пред да заминат на одмор.

– Искрено , мислам  дека не треба да го напуштиме Вашингтон, освен ако имаме план за здравствено осигурување. ( Трамп )

Повлекувањето  на САД од парискиот кклиматски договор е уште една контроверзна одлука на лидерот сметаат аналитичарите , но и голем број светски лидери. 

-  Не се согласувам со начинот на кој Парискиот догоовр и неговото значање се толкуваат од страна на САД. Разговаравме за ова несогласување. ( тонско Макрон)

Американскиот воздушен напад во Сирија повторно го направи Доналд Трамп топ тема во медиумите. 

Но ниедна тема не фрли толку голема сенка на Трамповата  админстрација од обвинувањата дека неговите соработници од  изборниот тим соработувале  со Русите во врска со мешањето во изборите.

Првите шест месеци од мандаот ,  рејтингот на ТРамп во јавноста е под 40 отсто, што е ниска оценка за новиот претседател , вели аналитичарот Кајл Кондик од Универзитетот во Вирџинија.