Македонија
20. јуни 2020 - 15:52

Пред седиштата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ промовирана идејата „Албанец за премиер“: Двете македонски партии и наштетија на албанската младина

Претставници на младинските иницијативите кои се нарекуваат „Зошто да не” и „Верувам”, денеска пред седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја промовираа идејата „Албанец за премиер“ на ДУИ и обвинија дека двете македонски партии и наштетиле на албанската младина во земјава.

-Со години со политиката во Македонија владееше исклучиво двојката на македонските партии, што пред сè ни наштети нам, албанската младина на оваа земја. Денес сме тука, пред седиштето на двете македонски партии, кои реагираа толку остро и исклучувачки кон нашата легитимна и праведна амбиција, да кажеме дека дојде нашето време. На овие избори, ние, албанската младина, ќе одиме до крај за еднаквост и слобода, пат кој што го започнаа нашите родители и баби и дедовци пред три децении. Не сакаме да продолжиме да ги гледаме нашите пријатели и семејство како ја напуштаат земјата. Ние сакаме целосна еднаквост. Ова е наше време! Време е за албанскиот премиер! Време е да се исполни сонот и да се заврши патувањето!, порачаа активистите.

.be