Џет-Сет
12. јуни 2017 - 12:55

Пред некое време и почина сопругот сега повторно облече бело: Се омажи српската пејачка

 
Четириесет  годишната Пејачката Гога Секулиќ после една година врска со своето момче, 25- годишниот Урош Домановиќ ги изненади сите следбеници , откако на Инстаграм објави видео во кое таа е во венчаница.
 
Во видеото таа седи во розе фустан со златни детали кој многу потсетува на венчаница и се обраќа на своите фанови.
 
-Морам на сите да им се извинам поради откажување на мојот настап поради технички причини. Се гледаме наскоро- вели таа
 
Се уште не е јасно дали настапот е откажен поради нејзината свадба или во прашање е нешто сруго , и дали фустанот е навистина венчаница или само обичен фустан кој потсетува на тоа.
 
 
Но поради фактот дека тие живеат заедно, не би требало да не изненади ако се одлучиле да стапнат на лудиот камен.
 
Пејачката претходно беше мажена со Игор Рамовиќ кој почина од карцином пред неколку години.