Македонија
10. March 2016 - 20:10

Пред МВР и денеска протест на жителите од Бутел

Дождот не ги спречи граѓаните на Бутел трет ден по ред да протестираат против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Околу илјада жители на оваа скопска населба , овој пат без нивниот градоначалник и претседателот на советот, побараа од Спасовски да прати полиција да го обезбедува просторот каде што треба да се гради 55 метарскиот крст.

Од Спасовски сеуште нема одговор зошто не ги ангажира полициските сили да ја обезбедуваат изградбата на крстот, ова беше причината зошто дел од граѓаните на протестот бараа оставка од него.

Според најавите на граѓаните тие ќе протестираат и во наредните денови, се додека полицијата не обезбеди услови за изградба.