Џет-Сет
19. јуни 2016 - 12:04

Пред камерите Цеца откри тајна чувана 12 години!

Цеца Ражнатовиќ откри во првата полуфинална емисија од „Пинковите ѕвезди“ која песна им ја посветила на децата, но призна дека таа нумера никогаш не ја пеела, освен во студио.

Натпреварувачката Сузана Кнежевиќ ја отпеа песната на Цеца "Neću dugo", која за пејачјата ја напишала Марина Туцаковиќ, а Цеца ја снимила во 2004 година.

-Тоа е песна која Марина ја напиша за мене, а им ја посветив на своите деца, но никогаш не ја запеав освен на ЦД-то. Публиката на концерти сака да слушне малку побрзи песни, па оваа песна никогаш во живо не ја испеав - откри фолк дивата, а Милан Калиниќ ја посоветува да го смени репоертоарот на концертите.

-Не ни знаев дека ова е песна на Цеца. Преубаво! додаде водителот.