Македонија
16. December 2017 - 19:19

Пред истражниот затвор Шуто Оризари, таму и денеска протестира ВМРО-ДПМНЕ

Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ попладнево оджаа протест пред затворот во Шуто Оризари во поддршка на нивните сопартијци, активисти, какои и граѓани и уметници кои се притворени за настаните во Собранието од 27 април.

Пред присутните се обрати Влатко Ѓорчев, кој истакна дека се тука за да им порачаат на оние кои што, вели, се неправедно внатре, дека не се заборавени, дека надвор има луѓе кои ги чекаат, а пред се, нивните семејства.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат безусловно запирање на, како што посочуваат, сите процеси на политички прогон, итно и безусловно запирање на малтретирањата, теророт и изживувањето кое го прави СДСМ и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со, според нив, овој класичен политички прогон.