Џет-Сет
10. July 2016 - 18:46

Пред две и пол години Шумахер е во тешка состојба

 
Пред две и пол години Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа во францускиот зимски центар Мерибел. Од тој момент па се до денес светската јавност добива малку информации за здравствената состојба на легендраниот формула 1 возач.
 
Портпаролката на семејството Забине Кен, потврди дека состојбата на Шумахер е исклучително тешка и ја повика јавноста да има разбирање и да ја почитува приватноста на семејството.
 
-Морате да прифатите дека семејството сака да го заштити Михаел. Тој нема да исчезне, но ситуацијата е исклучително тешка и поради тоа мора да има повеќе приватност и мора да го има вашето разбирање, изјави Кен за медиумите.
 
Иако не е новост дека Михаел Шумахер се наоѓа во тешка состојба, оваа вест додатно ќе ги погоди неговите фанови.