Живот
11. January 2016 - 16:48

Пред 8 години сфатил дека не може да ја ожени љубовта на неговиот живот: Никогаш не изгубил надеж!

Пролетта 2007 година парот закажал венчање и церемонија. 3 месеци пред венчањето, младоженецот ги повикал организаторите и ги замолил резервацијата да ја задржат на чекање.

Годините минувале без ниеден збор од младоженецот. 2014 година личноста во свечената сала добил повик. Тоа бил младоженецот, тогаш за прв пат ја слушнале најболната и најтажна приказна за толеранцијата која стои зад ова долго чекање. Љубовта на овој младоженец и верувањето во чуда расплакала многумина.

Хисаши Нишижава и Маи Накахара од Окајам се запознале пред 10 години.  Се вериле на втората годишнина од врската и закажале венчавање во март 2007. Се било по планот додека не се случила голема трагедија.

Три месеци пред венчавката, Маи започнала да се однесува чудно. Не можела да се сети што правела тој ден и врескала неконтролирано во текот на ноќта. Ја однеле во билница и веднаш ја примиле на психијатрија. 3 дена подоцна нејзината состојба се променила и Маи имала срцев удар па итно е пренесена во универзитетската болница. Спасена е, но била во кома. Нејзиното тело го преживеало нападот. 

Маи не се будела, деновите поминувале и никој не знаел за што станува збор. Хисаши се одлучил да ги повика организаторите на свадбата и да ја стави церемонијата на чекање. Тој ја чекал Маи, иако таа останала без свест неколку месеци. Хисаши секојдневно пред работа еден час и три пати дневно поминувал со Маи. Ги масирал нејзините атрофирани мускули, и зборувал и ги пуштал нејзините омилени песни.

Дури после 5 месеци докторите го откриле проблемот. Дијагнозата била лимбик енцефалитис предизвикан тумор на јајникот. Антителата кои се создавале за да се борат со туморот почнале абнормално да реагираат против нејзиниот организам, предизвикувајќи штета и воспаление на мозокот. Туморот веднаш е изваден и сите се надевале дека Маи наскоро ќе се разбуди. Минал еден месец, па уште еден, пола година, а потоа и година. Маи сеуште не се разбудила.

Нејзината мајка рекла дека Хисаши може слободно да иде и да бара нова девојка. Не сакала ова младо момче да се жртвува себеси чекајќи ја нејзината ќерка. Пробала да го убеди дека на светот има здрави девојки, но тоа не го интересирало.

"Ќе чекам", рекол. Сакал да ја види нејзината насмевка уште еднаш, па ја молел нејзината мајка да го остави за да биде со нејзе. 

Година ипол подоцна, Маи конечно се разбудила од кома. Сите биле среќни, но нејзиното лице било потполно празно и не реагирала на никаква стумилација. Никој не бил сигурен дали таа реагирала на нешто. Едно било сигурно, таа со очите ги следела работите. Хисаши не престанал да ја потсетува. Тој верувај, дека еден ден, таа ќе примети дека тој е до нејзе. 

Поминале уште три години, кога еден ден се случил чудо. Хисаши ја масирал Маи како секогаш, кога одеднаш приметил дека нејзино лице се поместува. Поместувањето наскоро се променило во огромна насмевка! Хисаши рекол дека не можел да стане од столчето. Поминале 6 години од денот кога Маи изгубила свест.

Од тој ден Маи секојдневно напредувала во заздравувањето. Не се померувала долго време, па нејзините мускули атрофирале.  Рехабилитацијата траела 2 години, но таа не се откажала. Имала цел, да оди сама до олтарот. 2014 година парот го повикал организаторот на венчавката, по 8 години, за повторно да ја закажал церемонијата. 

Венчавката се одржала на 21 декември 2014 година. Личности од болницата и пријатели, кои го подржувале парот сите овие години биле повикани. Со подршка на родителите од двете страни, Маи полека чекорела кон олтарот кон Хисаши. Кога нејзината мајка и рекла одлично, Маи не можела да престане да плаче. Како емоциите собрани од 8-те години да излегле од нејзе. Што се однесува до младоженецот, кој ја чекал својата љубов, можеме да замислиме само што се му минувало низ главата.

 

Маи била во кома 6 години. За цело тоа време еден човек верувал, чекал и ја подржувал. За се тоа што го направил, таа го избрала за маж. Оваа прекрасна љубовна приказна емитувана е и на телевизија, а книгата за нејзе ќе излезе на лето.