Живот
18. May 2018 - 14:31

Пред 21 година пееше на погребот на принцезата Дајана, а утре во нејзина чест ќе ги забавува присутните гости на кралската венчавка

Британија со нетрпение се подготвува за кралската венчавка која ќе се одржи утре.

Принцот Хари и идната принцеза Меган Маркл утре ќе се венчаат, а возбудата се повеќе расте и кај јавноста и кај кралското семејство.

Медиумите открија и кој ќе ги забавува гостите на кралската венчавка.

Станува збор за пејачот Елтон Џон кој за прв пат во живо повторно ќе запее пред кралското семејство откако последен пат има пеено на погребот на Дајана во 1997 година.

Имено пејачот на погребот на британската принцеза Дајана која загина во сообраќајна несреќа ја испеа песната „Candle in the wind“.

Кралската венчавка се претпоставува дека ќе чини 37 милиони евра, а истата сума ќе ја плати кралското семејство.