Живот
9. May 2016 - 16:53

Пред 16 години оваа фотографија го обиколи светот: Ова бебе денес изгледа вака!

На 19 август 1999 година медицински тим од Нешвил, Тенеси извршил операција над бремената Џули Армас, односно над бебето на трудницата која била во 21-та недела од бременоста.
 
Пред породувањето на бебето било дијагностицирано деформација на р`бет, па лекарите се одлучиле на операција пред породувањето.
 
Фотографија настанала за време на операцијата а веднаш потоа го обиколи светот. Малото момче го фатило за прст лекарот кој го оперирал, а истотот е родено на 2 декември 1999 година.
 
Самуел денеска има 16 години и користи помагала за потколениците и инвалидска количка за поголема оддалеченост. 
 
Сака да игра кошарка и да плива, а може да прави се сто можат да го прават децата од негова возраст.