Македонија
10. November 2019 - 17:20

Прецизниот состав на токсичната хемикалија што се излеа во Охис ќе се анализира во странство

Мострите кои треба да покажат какви се хемикалии и во која количина од токсичниот метил акрилат мономер се излеало од ОХИС, ќе се испитуваат во странство, бидејќи во МВР нема соодветна лабораторија. Паралелно се чекаат анализите од Биохемиската лабораторија во Штип, кои  треба да покажа колкава концентрација отровна материја има во воздухот. Поради тоа припадниците на АРМ утре, повторно ќе излезат на терен.

Стечајниот управник на ОХИС Маринко Саздовски, за Сител тврди дека во изминативе 8  месеци, фирмата Еко центар 97 со која бил склучен договор за остранување на токсичните хемикалии, работела согласно стандардите. Но дали е тоа навистина така, треба да покаже извештајот, кој ќе биде познат по завршувањето на договорот, односно за 3 недели.

6 тони метил акрилат мономер чека да замине во Швајцарија. За да се изнесе од државава потрени се 7 дозволи-од секоја земја низ која ќе патува токсината материја. Од 11 хемикалии,  досега е остранет само хлорот, а уште 400 метални буриња, чекаат на ред да бидат транспортирани во странство.