Прециоси ја продаде Џенова
Италијанскиот бизнисмен Енрико Прециоси (69), досегашен претседател на Џенова, чиј дрес го носи Горан Пандев, објави дека по 14 години го продал најстариот италијански клуб.
„Ја продадов Џенова. Сите документи ќе бидат потпишани до крајот на оваа недела или најдоцна на почетокот на наредната“, потврдил Прециси не сакајќи да го открие името на новиот сопственик.
Навивачите на Џенова жестоко го критикуваа Прециоси поради потезите што ги влечеше минатата сезона. Тимот одлично играше во првиот дел од сезоната, но во јануари реши да ги продаде најдобрите играчи, поради што Џенова до последното коло се бореше за опстанок во Серија А.
„Јас сум неважен, важна е само Џенова. Наредната сезона сакам да бидам само обичен навивач“, рекол Прециоси.
Џенова е основана во 1893 година и е најстариот италијански фудбалски клуб. Овој клуб е деветкратен италијански шампион, но последната титула Џенова ја има освоено во далечната 1924 година.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња