Македонија
6. September 2015 - 17:18

Пречистителна станица за Гевгелија

Гевгелија ќе добие нова и модерна прочистителна станица за отпадни води.  Инвестицијата е тешка 9,7 милиони евра, а градежните активности на терен веќе се започнати и течат согласно предвидената динамика. Проект се реализира како резултат на  трилатерален договор  помеѓу, Македонија, Швајцарија и Грција , а доколку се оди согласно предвидената динамика неговата прва фаза  треба да заврши до крајот на годината.

-Како втор дел се  технолошките процеси и се очекува до крајот на јуни следната година да се пушти во употреба. Се разбира дека тука е потребно други работи да се одвиваат паралелно, меѓутоа околу пуштање во употреба како тест употреба е планирано средина на следна година, вели Хурхан Изаири – министер за животна средина и просторно планирање

Задоволен од текот на активностите и градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов за кого реализацијата на овој проект кој е еден од најважните за општината и ќе значи подобар квалитет  на водите кои се слеваат во реката Вардар.

-Покрај тоа што имавме на почетокот на годината проблеми од поплавите кои што настанаа во овој дел се се движи во предвидениот рок.  Еве се гледа веќе дека еден од базените се бетонира се шелува, вели Иван Франгов – градоначалник на Гевгелија

Најголемиот дел од средствата за реализација овој проект односно 6, 7 милиони евра се донација од швајцарската агенција за развој Секо, околу 2 милиони евра се од  Грција, а останатиот дел од околу еден милион евра се од Владата на Република Македонија , министерството за животна средина, и општина Гевгелија.