Празникот Преображение Господово го одбележаа Македонците во Ербеле, Албанија
Македонците од повеќе места во Република Албанија, во селото Ербеле, област Поле или Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на македонската граница кај Дебар, го одбележаа денешниот голем христијански празник, Преображение Господово.
Во црквата „Свето Преображение“, која датира од 12 век, се собраа Македонци по потекло од Ербеле, кои денес живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Горно Крчиште, како и во Дебар и други градови во Македонија. Меѓу присутните беа и преставници на Македонското друштво „Илинден” со седиште во Тирана.
По традиција и верување, ноќта спроти празникот, во оваа црква доаѓаат не само православни, туку и муслимани. Спијат во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата имала исцелителна моќ. Според жители на ова село, голем број луѓе тука го нашле лекот за својата болест.
Пред шест години се воведе обичај, да се меси погача во која има паричка. На оној кому ќе му се падне паричката од погачата го преземе кумството за наредната година.
Бидејќи празникот се падна во недела, неработен ден, бројот на присутните беше многу поголем од изминатите години, а празнувањето беше одбележано и со македонски ора и песни.
Црквата „Свето Преображение“ во 1973 година албанските власти ја прогласија за споменик на културата.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд