Македонија
26. May 2018 - 16:39

Празник за љубителите на спортот- се полнат угостителските објекти пред вечерашните натпревари

Во пресрет на првиот натпревар на Вардар на фајнал-форот во ракометната Лига на шампиони во Келн, во Македонија владее одлична спортска атмосфера. Накитени со навивачки знамиња од македонскиот шампион, кафулињата и рестораните се подготвени за организирано следење на ракометниот спектакл.  

Спортската атмосфера ќе продолжи и по завршување на ракометниот дуел, бидејќи вечерва се игра и финалето од фудбалската Лига на шампиони меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Дел од граѓаните спортските натпревари ќе ги следат во домашна атмосфера, дел организирани во некое од кафулињата.

“Црвено-црните” се актуелни европски ракометни шампиони и фаворотити на овој меч, а таква улога им даваат и македонските навивачи. Во однос на конечниот резултат од мечот меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, очекувањата  се поделени.

Фудбалската магија ќе заврши вечерва, а ракометната продолжува и утре. Доколку успее да слави против Монпелје, Вардар ќе се најде а чекор од одбрана на титулата.