Празни училишта на први септември, епидемиолошката слика ќе одлучи до кога ќе останат празни училишните клупи
Училишното ѕвонче утрово не го означи стартот на новата учебна година. За прв пат во овие 3 децении, 1 септември, најрадосниот ден во годината, учениците го дочекаа дома, а првачињата немаа можност да се запознаат со наставничките.
Овие ходници остануваат празни уште точно еден месец. Училиштата активно се подготвуваат за најнеобичната учебна година која ќе стартува на 1 октомври.
Основното училиште Ѓорѓија Пулевски во општина Аеродром учиниците ќе ги дочека во нови реновирани простории со строго почитување на здравствените протоколи.
Колкав број на ученици наставата ќе ја следат од дома а колку со физичко присуство засега не се знае. Министерката Царовска ги повика сите основни и средни училишта кои можат да спроведат физичка настава безбедна по здрајвето на учениците да поднесат барање до ресорното министерство. Во оние општини во кои епидемиолошката слика ќе се влоши, Царовска потенцира дека учениците наставата ќе ја следат од дома.
Министерството за здравство подготвува посебни протоколи за оние ученици и наставници кои ќе покажат симптоми или ќе заразат со вирусот. За секој заболен наставник ќе има и замена.
Од 1 октомври улилиштата ќе работа од 7 наутро до 20 часот навечер. Во една уличница настава ќе може да следат најмногу 20 ученици, а скратените часови ќе траат по 35 минути. На сите влезови ќе се мери телесна температура, маската ќе биде задолжителна во затворени прстории кои редовно ќе се дезинфицираат.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар