-->
-->
Православните верници во Куманово масовно ги посетуваат храмовите
-->
Православните верници од Куманово денеска масовно ги посетија православните храмови по повод најголемиот христијански празник - Христовото Воскресение -Велигден, денот кога Исус Христос ја докажал божествената моќ и воскреснал од мртвите.
Верниците оставија бојадисани јајца во црквите, се помолија за здравје, мир, благосостојба, а меѓусебе се поздравија со Христос Воскресе - Навистина Воскресе. Тие присуствуваа и на вечерната богослужба во Соборниот храм „Свети Никола“, која ја служеше митрополитот на Кумановско-осоговската епархија, г.Јосиф.
- Утре и задутре продолжува воскресенска богослужба, како прв и втор ден Велигден. Верниците со радост доаѓаат масовно и ги пoсетуваат храмовите, изјави денеска свештеникот Игор Здравковски.
Најрадосни се децата, кои утрово одеа од куќа во куќа, го честитаа празникот за што добиваа бојадисани јајца, колачи и слатки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација