Македонија
13. January 2019 - 16:52

Православните верници ја слават Стара нова година, карневалско дефиле во Вевчани

Попладнево почна дефилето на василичарите, а Вевчани и годинава е театар на отворено, без режија и сценарио. Покрај  традиционалните маски на зетот и невестата, глупавиот август и ѓаволите, ќе бидат прикажани и маски со настани што ја одбележаа изминатата година.