Македонија
21. September 2019 - 21:04

Православните верници и одаваат почит на мајката Божја и денот кога таа е родена

Православните верници и одаваат почит на мајката Божја и денот кога таа е родена. Големиот христијански празник беше одбележан и во манастирот ,,Воведение на Пресветеа Богородица Елеуса,, во Вељуса.  Стотици свеќи запалени за здравје и колони од верниот народ кој трпеливо чека за влез во еден од најстарите манастири во државата,  ваква беше сликата во Вељуса. Сите тие тука пристигнаа со една цел,  да и оддадат почит на Богородица, но и да се помолат за нив и нивните семејства.   Отец Григориј од струмичката епархија вели,  овој  празник има посебно  значење за христијаните бидејќи токму на овој ден се раѓа онаа од која  потоа се роди спасителот на целото човештво Господ Исус Христос.

,, Го празнуваме празникот на раѓањето на Пресвета Богородица, тоа е онаа чија  што утроба станува сад каде што ќе се смести несместливиот, нашиот Христос, спасителот на светот. Богородица треба да ја празнуваме многу личносно и да ја чувствуваме пред се како наша заштитничка и закрилничка бидејќи таа и навистина е.,, вели ОТЕЦ ГРИГОРИЈ

За денот кога се празнува раѓањето на мајката Божја во Вељуса пристигнаа верници од скоро сите краеви на државата. Некои од нив тука  дојдоа за прв пат,  но имаше и такви кои за овој празник во манастирот доаѓат редовно и над 40 години.

По повод празникот кој кај народот е познат како Мала Богородица во Вељуса и оваа година се одржа цело ноќно бдение кое заврши рано наутро со литургија и причест.