Православните верници го слават Богојавление - Водици
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление - Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.
Како и во минатите години, најмасовно се очекува да биде во Скопје и во Охрид. Во Скопје се пријавени над 100 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2017“. Кум на манифестацијата годинава е Димитриј Јовановиќ, сопственик на ресторанот „Стара куќа“.
Централната манифестација во Скопје ќе се одржи напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го положи крстот во Вардар од мостот „Слобода“.
Претходно, од 9 часот, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.
Во Охрид традиционално во сите парохиски цркви на Дебарско-кичевската епархија ќе се одржи утрена богослужба и божествена литургија. Потоа верниците масовно заедно со свештениците ќе се упатат на Градското пристаниште, каде ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро, а потоа во 10 часот ќе се положи и чесниот крст.
Ново на Сител
-
Скопјанка со тешки повреди пренесена во болница откако со својот автомобил удрила во неколку паркирани возила
-
ЕУ грантови од 70 милиони евра за Западен Балкан за вакцини против Ковид-19
-
Вучиќ: Најавата на Харадинај за обединување со Албанија е закана за регионот
-
Полицијата уапси лица кои поседувале марихуана
-
Затворен угостителски објект во тетовско поради непочитување на работното време
-
Заев: Да ги послушаме препораките на здравствените работници и на Синодот на МПЦ-ОА и да го прославиме празникот одговорно
-
Митрополит г. Петар: До Третиот век Божик и Богојавление се празнувале во ист ден
-
Засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, изречени вкупно 203 казни