Православните христијани во Албанија го дочекаа Велигден дома
Верниците од православна вероисповед во Албанија, Хрстовото воскресение го дочекаа во своте домови.
Поради полицскиот час (од 22 до 6 часот), верниците синоќа не ги посетија божјите храмови. Во ниту една црква во земјата на полноќ немаше богослужба на која по традиција се објавува Хрстовото воскресение.
Затоа, пак, Централната богослужба за Света и Велика Пасха, која вообичаено се одржува на полноќ во црквата „Христово воскресение “ во Тирана, како и во сите други цркви, се одржа денеска наутро.
Богослужба денеска имаше и во црквата „Свети Архангел Михаил“ во Пустец, која ја одржа отец Алексо Темелко со строго почитување на мерките за заштита.
Велигденска атмосфера се чувствува во сите делови на земјата, а на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Тирана поставени се големи велигденски јајца во разни бои.
Честитки по повод Велигден до поглаварот на албанската афтокефална православна црква Анастас Јанулатос и до сите верници упати државниот врв, лидери на полтички партии, како и македонското друштво „Илинден“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација