Македонија
21. September 2018 - 19:10

Православните христијани го слават Рожденството на Мајката Божја

Празникот посветен на денот кога е родена мајката Божја одбележан во манастирот во Вељуса. Големиот христијански празник кој кај народот е познат и како Мала Богородица беше повод стотици верници  од скоро сите краеви на државата да се упатат кон селото Вељуса и еден од најстарите манастири ,, Воведение на Пресвета Богородица ,, .Колони од луѓе уште од синоќа почнаа да пристигаат во мнастирот трпеливо чекајќи  ред да се поклонат пред иконата на Богородица и за запалат свеќа за здравје за нивните семејства.

Според отец Григориј овој  празник има големо значење за христијаните бидејќи токму на овој ден се раѓа онаа од која  потоа се роди Господ Исус Христос , спасителот на целото човештво.

,, Во православието родендените многу не се празнуваат ама ете само се забележуваат некои три празници, а тоа е раѓањето на Господ Исус Христос , на Богородица и на свети Јован Крстител.,, вели ОТЕЦ ГРИГОРИЈ

Порано овој празник во Вељуса се одбележуваше само како слава на селото, но откако  повторно  беше востановен монашкиот живот одбележувањето започнува ноќта спроти празникот и тоа со целоноќно бдение на кое присуствуваат голем број верници, а завршува со литургија и причест.