Македонија
14. January 2021 - 16:58

Православна Нова година и Василица - Верниците ги посетија верските храмови

Верниците среќата  да ја бараат во вербата во Бога, вака поглаварот на МПЦ ја честиташе православната Нова година. 14 јануари според јулијанскиот календар е прв ден од годината. Црквата денеска чествуваat три празници, Обрезание Христово, Василица и Нова година. Поглаварот чиноначалствуваше со Литургијата во  храмот св. Илија.

Верниците  примаа и света причест. Дел од јавноста остро критикува зошто во време на пандемија се дели од иста лажичка причест. Старешината протјереј Зоран вели од причеста никогаш никој не се заразил а оние кои се болни треба да бидат одговорни и да останат дома.

Верниците кои беа присутни на Литургијата ги почитуваа мерките за заштита од вирусот и носеа маски. Традиционално некои семејства и на овој ден кршат пита со паричка во зависност од кој крај потекнуваат.