Православна црква во Мерсин, Турција ги отвори вратите за преживеаните и им обезбеди храна и сместување
Православната црква во турскиот град Мерсин ги отвори вратите за преживеаните жртви од земјотресот на југот на Туркије, обезбедувајќи им сместување и храна, јавува Анадолу.
Поминаа седум дена од силниот земјотрес, со епицентар во турскиот град Кахраманмараш, што ги опустоши јужна Туркије и северните делови на Сирија. Хуманитарните и други организации се обидуваат на секој начин да им помогнат на оние кои успеаја да ја преживеат невидената катастрофа.
Хуман гест пристигна и од црквата во Мерсин, што припаѓа на Грчката православна црква, која ги отвори вратите за луѓето погодени од земјотресот и ги задоволи нивните потреби за сместување и храна.
Црквата ги повика сите свои членови да им помогнат на настраданите по разорниот земјотрес што погоди 10 градови на подрачјето на Туркије.
Во рамките на активностите што се преземаат, во внатрешноста на црквата беше направена просторија за спиење, а беа собрани и средства за задоволување на основните потреби, како храна, облека и средства за чистење.
Црквата, под координација на Канцеларијата на гувернерот на Мерсин, почна да ги упатува жртвите од земјотресот во нивните домови и пансиони.
Свештеникот Џошкун Тејмур за АА изјави дека ги отвориле вратите за сите и ги мобилизирале сите нивни ресурси, како и дека црквата обезбедува три оброци на ден.
Тејмур изјави дека жртвите од земјотресот биле сместени во црквата два-три дена, а потоа биле упатени во домовите на членовите на заедницата на местата што за таа цел ги одредиле институциите и организациите.
„Една хуманитарна организација изнајми хотел со 100 соби, кој моментално е преполн. Некои од членовите на нашата заедница ги испратија клучевите од своите викендички“, објасни Тејмур.
Иса Синемли, 22-годишен преживеан од земјотресот, од областа Самандаг во Хатај, се заблагодари на црквата за поддршката во овие тешки моменти.
Ново на Сител
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник