Македонија
25. April 2019 - 16:22

Право на премиерот е да презема чекори за евентуална одговорност на функционерите

Метлата на Заев крена доволно прашина за да се активира целото раководство на СДСМ.

Сите функционери на власта треба да се пронајдат во повикот за чистка на премиерот Заев поради потфрлувањето со резултатот од првиот изборен круг. Самокритичноста кај нив ја покажува дека во земјата владее демократијата. Вицепремиерката Радмила Шеќеринска смета дека одговорност мора да има кај сите чинители на извршната власт не само кај министрите. Шеќеринска потенцира дека фокусот до сега бил ставен на големите државни прашања на кои покажале резултати.

 Владата покажа дека таму кај што точно  знаеме што сакаме даваме максимум и резултати има. Тоа не е така во сите сектори и токму поради тоа после изборите овие кадровски поместувања ќе покажат дека кога постои слобода и кога и медиумите и граѓаните не чувствуваат страв да го кажат своето мислење тогаш владите функционираат подобро.

По информациите дека смените ќе почнат од министерството за животна средина, заменикот Макрадули не откри дали очекува да биде разрешен.

Одговорност чувствуваат и функционерите од локалната власт кои веќе признаа дека влијаеле на лошиот резултат од првиот круг избори. Скопскиот градоначалник ги повика граѓаните да не ја казнуваат државата поради грешки на СДСМ.

Секој од нас е должен да се пронајде во таа изјава секј од нас сноси одговорност зошто сме лица е избра од граѓаните. ВО моментот кога стапувате на таа функциоја вие сте одговорен за таа функција.  Ова не е време во кое треба да се утврдуваат индивидуалните одговорносто ова е време ние како раководство на СДСм сме фокусирани на избор на претседател Не ја казнувајте државата ако сметате дека сдсм треба да биде казнет. Ќе дојде врее во текот на мај се надецам ќе бидат фер и демократски внатрешно ќе разгвоаарамне, изјави Петре Шилегов 

Премиерот Заев по првиот круг избори беше јасен во својата изјава, функционерите кои заборавија на граѓаните ќе бидат сменети.

Ниту министрите ниту скопскиот градоначланик не кријат дека ќе продолжат со поддршка на кандидатот Пендаровски за што велат до 5 ти мај сите со некакви активности ќе учествуваат во кампањата. Тие денеска организираа заедничко садење на 150 дрвца на кејот на Вардар во близина на воениот стадион како мерка против аерозагадувањето.