Македонија
28. јуни 2022 - 16:37

Правните и политички експерти сметаат дека има простор за кривична и политичка одговорност за инцидентите

Пратеничкиот имунитет не го штити од кривична одговорност пратеникот Арбер Адеми. Надлежните без да се плашат од политичарите мора да поведат соодветна постапка за утврдување на кривична а не прекршочна одговорност смета адвокатот Јанаки Митревски. Без разлика за кого станува збор, насилство не смее да помине не казнето па дури и да се работи за провокација.

Одговорност за насилство но и политичка одговорност бара и аналитичарот Петар Арсовски. Инцидентот смета дека е кулминација на тензиите кои долго време се присутни во парламентот но тоа не смее да биде оправдување. Арсовски повикува итно да се рестартира  политичкиот дијалог бидејќи државата ја очекуваат уште многу предизвици за кои политичките партии имаат сериозно спротиствени ставови.

Ова е најсериозен инцидент помеѓу пратеници во Собранието по тепачката од 2014г кога физички се пресметаа пратници од ДУИ и ДПА а  заврши без ниту еден од нив да понесе одговорност.  Но во СОбраниет имаше и посериозни инциденти како оној на 24 декември 2012г.  кога беа исфрлени новинарите од комисиската расправа за буџетот и упадот во парламентот од 27 април 2017г кога се одвиваше гласање за избор на собраниски спикер.