Живот
13. November 2018 - 14:51

Правеше селфи на крајот на светот, па исчезна во провалија: Туристка го загуби тлото под нозете и отиде во смрт

Триесетипетгодишна туристка од Германија посакала да сними незаборавно селфи на „Крајот на светот“, во националниот парк „Хортон Плејнс“ во Шри Ланка.

Таа во неделата наутро дошла со пријателка за да се слика, а потоа го изгубила тлото под нозете и паднала во провалија.
Во потрагата по младата жена, која траела шест часа, учествувале и војската, авијацијата и локалните жители. На крајот нејзинотоо тело е забележна од воздух.

"Крајот на светот“ се наоѓа кај градот Баландога, во центарот на островската држава во Индискиот океан, а туристите со задоволство го посетуваат во раните утрински часови, пред да го покрие магла во текот на денот, за да уживаат во величествениот поглед.