Бизнис
22. March 2019 - 19:49

Правдата во Скопје е поскапа отколку во другите градови

Правдата во Скопје е поскапа отколку во останатите градови, тврдат експертите. Судовите во другите градови, споровите од мала вредност најчесто ги решаваат во две рочишта, додека во Скопје во три. Токму бројот на рочиштата е клучниот фактор за висината на трошоците при ваквите спорови.

Правниците бараат да се упростат постапките за споровите до 600.000 денари. Но и да се направи нивна класификација според европските стандарди, каде ваквите спорови се до 120.000 денари.

Од Министерството за правда велат дека се свесни оти во моментов нема разлика во процедурите кај споровите со мала и поголема вредност. До Министерството била поднесена иницијатива за ограничување на максималниот број на рочишта.

Според податоците на Центарот за правни истражувања, Основниот суд Скопје 2 има најголем број на нерешни случаи, Дури 80 отсто од нив се во овој суд. Во дури 18 од 22 судови во државава имало спорови со 10 рочишта, од кои 70 проценти биле во Скопје.