Македонија
15. August 2022 - 16:36

Правда ќе забрани употреба на имиња на контроверзни личности при регистрација на здруженија

Министерството за правда до петок веќе ќе ја има нацрт верзијата на измените на Законот за здруженија и фонадации со кои треба да се регулира и статусот на граѓански здруѓженија со имиња на спорни историски имиња, дознава Сител. За таа цел, овие денови ќе се состане работната група во министерството за да се разгледаат можните измени, потврдуваат од правда.

Надлежните измените ги најавија по реакциите во јавноста за формирање на двете бугарски здруженија во Македонија „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид, имиња на историски личности кои во Македонија се врзуваат со фашизмот и депортацијата на македонските Евреи во треблинка.

Меѓудругите измени, се најавува и регистар за Здруженија со историски имиња.

„Ќе се разгледуваат и сите отворени прашања кои се однесуваат на историските личности. До сега се уште не е завземен став по однос на воведувањето регистар, но се очекува и ова прашање да се разгледа во наредниот период“, објаснуваат пак, од министерствотот за правда.

Од таму велат дека Здруѓенијата со спорни историски имиња можат да забранат и со псотојнотот законско решение.

„Постојната правна рамка, со внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност, да ги следат и оценат суштински како програмските така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување“, велат од правда.

Од таму ги посочуваат членовите 65 и 66 од Законот за здруженија и фондации во кои стои дека може да се забрани работата на организација која е спротивна на Уставот, а антифашистичката определба е уставна категорија. Постапка за поведување на забрана за работа на Здружението може да поведе секој до Јавното обвинителство. При тоа, како што пишува во Законот постапклата на јавниот обивнител во овој случај е итна.

Во меѓувреме, бугарско здружение од Софија „Фондација Македонија“ се пофали на Фејсбук дека нејзини членови минатата недела го исчистиле споменикот Гоце Делечев во градскиот парк во Скопје, како бугарски деец.

Фондацијата е позната во македонската јавност по потези кои беа толкувани и како провокации. Лани во октомври таа делеше примероци од книгата „Голема бугарска читанка“ на Кузман Шапкарев во поштенски сандачиња во Скопје.

А сега најавуваат и дека деновиве во Македонија ќе пристигнеле „луѓе кои ќе ја шират нивната кауза“.