Македонија
28. October 2021 - 19:46

Правата на Бугарите во Македонија се новиот фокус на бугарските политичари

Нема разговори со Макеоднија додека бугарското малцинство не влезе во Уставот. Поранешниот премиер Борисов денеска оствари средба со претставници на неколку здруженија на макеоднските Бугари кои во Софија вчера и денеска се жалат на односот на македонската држава кон нив. Претсваниците на бугарското малцинство му се пожалија на Борисов дека се фантоми во Македонија затоа што и премиерот и претседателот кон нив се однесувале како да не постојат.  Посебно се жалеа на образованието.

Борисов им рече дека проблемот може да се реши исто како што било случај со Албанија.

На денешната средба со Борисов присуствуваше и поранешната министерка за надворешни работи Захариева, а вчера тие имаа средба и со претседателот Радев.