Македонија
31. August 2020 - 16:41

Пратеникот Зибери со симптоми на корона го тестираше собранискиот протокол за гласање во изолација

Пратеникот од ДУИ Арбен Зибери сомнителен на Ковид-19 ги трестираше здравствените протоколи на Собранието. Тој иако имал симптоми на вирусот вчера пред полноќ присуствуваше во парламентот и гласаше за новата Влада.

Од собранието тврдат дека пратеникот Зибери со автомобил дошол непосредно пред гласањето со посебен лифт се качил до салата каде се одржуваше седницата влегол во изолирана кабина и веднаш после гласањето ја напуштил зградата по истиот пат.

Од собраниската прес служба велат дека биле запазени сите протоколи подготвени од Комисијата за заразни болести за да се заштити здравјето на останатите лица кои во парламентот. Лифтот и кабината не биле во функција се до нивно дезинфицирање.

И Зибери се огласи на Фејсбук, информираше дека дента не се чувствувал добро,  уште не направил тест за да знае дали е позитивен, но тврди дека немал контакт со никого и решил да гласа сам во кабина.

Премиерот Заев вели дека по вчерашниот пример во Собранието каде биле применети протоколите за заштита од КОВИД-19 во иднина мора да функционираат и останатите институции.

Артан Груби пак вели дека присуството на Зибери на чинот на гласањето била по негова волја.

За присуството на Зибери во Собранието уште ноќеска реагираше пратеникот од Левица Борислав Крмов. Тој на Фејсбук праша -Дали ако во иднина 2, 5, или 10 пратеника од владејачкото мнозинство заболат од Covid-19 планираат да ни ги носат во Собранието по непознати простории да гласаат, само да се одржат на власт?

Инаку Арбен Зибери пред изборите по конфликтот со министерот Филипче беше разрешен од директор на ЦЈЗ Скопје. Тој е внук на кандидатот за кандидатот на ДУИ за прв Премиер Албанец, и заедно со Иџет Меџити негодуваа кога за министри од нивната партија беа предложени Бујар Османи и Артан Груби.