Македонија
12. January 2018 - 11:44

Пратеникот Сашо Василевски на јавна седница ќе бара укинување на притворот

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, на јавна седница во апелациониот суд преку неговиот адвокат денеска ќе побара укинување на мерката притвор за крвавиот четврток. Судот му определи притвор, мерка, за која обвинителството пред празниците побара продолжување.

Во притвор во Шуто Оризати се пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, а во куќен притвор се пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.

Апелациониот суд во текот на денешниот ден се очекува да објави дел од одлуките за евентуално укинување на притворот за осомничените од настаните од 27 април.