Македонија
21. March 2019 - 9:33

Пратеникот Мухиќ на конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата – Регион Европа

Пратеникот и потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата Ферид Мухиќ денеска ќе учествува на конференцијата на Парламентарното собрание на Франкофонијата – Регион Европа (ПСФ – Регион Европа) што се одржува во Брисел.

Оваа конференција се одржува по повод 20 Март – Меѓународниот ден на Франкофонијата и ќе се дебатира за состојбата на употребата на јазиците во институциите на ЕУ, геостратешките предизвици на јазиците и за промоција на мултилингвизмот во Европа.

На учесниците на оваа седница ќе им се обрати шефот на Мисијата Европа на Парламентарното собрание на Франкофонија Жан-Пол Вал, генералниот секретар на Парламентарното собрание на Франкофонијата Жак Крабал, претседателот на Секцијата на Националното собрание на Франција Бруно Фухс, претседателот на Белгиската секција во ПСФ Хамза Фаси Фири, Луј Мишел, поранешен комесар на ЕК и пратеник во Европскиот парламент и бројни експерти.