Македонија
9. January 2018 - 14:24

Пратеникот Хасани од ДПТМ не е веќе дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Уште еден пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија ќе делува како независен пратеник. Станува збор за Јусуф Хасани од Демократската партија на Турците на Македонија. 

Хасани со допис денеска го извести претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе настапува како независен пратеник, а не како пратеник на коалицијата „За подобра Македонија“ застапувајќи ги правата, волјата и гласовите на неговите гласачи.