Македонија
20. November 2017 - 8:32

Пратеникот Груби на конференција за Западен Балкан во ЕП

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби денеска во Европскиот парламент во Брисел ќе учествува на Тркалезната маса на тема: „Регионалната перспектива на евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан".

На конференцијата, Груби ќе има обраќање пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент-АФЕТ и пред претставници на националните парламенти на земјите-членки на ЕУ, каде ќе говори на тема: „Интеграцијата на Република Македонија кон ЕУ".

За време на посетата на Брисел, како што соопшти собраниската Комисија, Груби ќе има средби со своите колеги од регионот, со колегите од ЕП, ќе има одвоени средби со известителите и известителите во сенка за Република Македонија, а ќе се сретне и со високи претставници од ЕК.